Андријана Јаневска откри досега непознати детали од приватниот живот во емисијата „Мамавизија“ на „Слободен печат“.
Познатата македонска пејачка првпат проговори за деформитетот со кој се родил нејзиниот помал син.
Кога ја добила информацијата дека нејзиното бебе има деформитет на стапалата, тоа ја исплашило, но не ја обесхрабрило.
„Кога ми кажаа лекарите дека Кристијан има деформитет на стапалата. Јас само прашав ‘дали постои решение?’. Ортопедите сугерираа веднаш да се почне со процедура бидејќи детето нема да може да оди. Со Гино го носевме бебето во Охрид секој петти ден за да му ги исправуваат стапалата со специјални чизми. Кога имаше шест месеци, на Димитар му направија операција. Тој беше бебе што не може да лази како останатите, но среќа кај нас постојат врвни лекари и денес тој е во одлична форма“, открива таа за „Мамавизија“.

