Погребана познатата македонска пејачка, само еден колега присуствувал

Пејачката Благица Бети Ѓорѓевиќ, која почина на 20 јануари, денес беше испратена во вечниот дом на гробиштата Орловача во Белград.

Членови на семејството се собраа да ѝ оддадат последна почит, а како што наведуваат српските медиуми само еден колега од естрадата се појавил на погребот.

„Станува збор за пејачот родум од Загреб, Жарко Данчуо. Тој изразил сочувство до семејството, внуците и снаата која не можела да престане да плаче“, пишува „Телеграф“.

Бети Ѓорѓевиќ беше една од најистакнатите џез и соул интерпретаторки на овие простори.

Иако остана да живее во Белград, таа имаше чести настапи во живо во родната Македонија.

Родена во Куманово, публиката најмногу ја памти по песната „Да ја почнеме љубовта од почеток“.

Следни Објави

Долго го криеше, но сега се појави снимка со таткото на детето на Милица Тодоровиќ

Пејачката Милица Тодоровиќ се породи на трети февруари и на свет донесе син. Семејството и пријателите синоќа организираа прослава во еден ресторан, каде што се славеше до зори. Бидејќи веќе подолго време многумина ги интригира кој е таткото на детето, порталот „Блиц“ дојде до снимка од прославата на која партнерот […]