Пејачката Милица Тодоровиќ се породи на трети февруари и на свет донесе син.
Семејството и пријателите синоќа организираа прослава во еден ресторан, каде што се славеше до зори.
Бидејќи веќе подолго време многумина ги интригира кој е таткото на детето, порталот „Блиц“ дојде до снимка од прославата на која партнерот на популарната пејачка се гледа само одзади, додека Катарина Живковиќ му пее на увце.
На снимката може да се види и дека во моментите кога ѕвездата на „Гранд“ ја пее својата песна „Анѓеле мој мал“, таткото е на видеоповик со Милица и цело време ги брише солзите.
Очигледно, оваа песна на Катарина предизвика солзи радосници не само кај новопечените родители, туку и кај сите присутни, јавуваат српските медиуми.



