Македонскиот готвач Никола Мишковски секој слободен миг го користи за уживање со своите најмили.
Барем тоа може да се види од семејните слики кои повремено ги објавува на социјалните мрежи.
Популарниот шеф од „Брза кујна“ има три деца, две ќерки со втората сопруга и син со првата.

Фото: Принтскрин Инстаграм
Пред три недели Мишковски објави снимка од нивно заедничко зимување која ги разнежни неговите следбеници.
Инаку, шеф Никола лани направи драстична промена во својот живот кога одлучи конечно да се ослободи од вишокот килограми.

„Не само што намалив килограми, туку ја вратив контролата врз мојот живот. Тешко е, да – ама секој ден што ќе се појавиш, секој тренинг, секој избор што го правиш… те гради. Ова не е само трансформација на телото. Ова е борба за подобра верзија од себе“, напиша тој во една прилика.

