Една година по трагедијата, сестрата на прегазената Фросина откри што точно се случувало кобната ноќ

Росица Кулакова, сестрата на прегазената 22-годишна дизајнерка Фросина Кулакова, во интервју за порталот „Фемина“ се отвори за загубата која засекогаш го промени нејзиното семејство. 

Една година по трагедијата во која на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ згасна животот на нејзината сестра, таа, меѓу другото, проговори што точно се случувало кобната ноќ и како дознала за смртта на Фросина.

„Бев на роденден кај мојот најдобар другар и јадевме торта кога ми се јави татко ми. Не ми кажа многу, само дека морам веднаш да дојдам пред „Силбо“. По паниката во неговиот глас, сфатив дека се случило нешто страшно. Другар ми ме однесе на местото на несреќата и тоа што следеше потоа беше како хорор-филм.

Никој не нè извести, никој не ни кажа што точно се случило. Не знам дали беа два часа или дваесет минути но, додека сум жива ќе ми одекнува гласот на мајка ми кога панично прашуваше дали детето ѝ е живо. Никој не ѝ одговори. По некое време, една од медицинските сестри, со солзи во очите, само негираше со главата.

Следуваше ноќ на талкање – по болници, по погребални служби, по гробишта – затоа што никој не нè упати каде да одиме и што да правиме. Во осум часот наутро завршивме на Ургентно. Јас многу малку се сеќавам, но според тоа што ми го раскажува мајка ми, една докторка ме тргнала на страна и ми шепнала нешто, па јас сум се вразумила и смирила, уште пред да ја примам дозата седативи“, раскажува Росица за „Фемина“.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА

Следни Објави

Денеска го славиме Свети Григориј Богослов: Заборавете на една работа, може да донесе несреќа

Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Назијанзанин ( и Григориј Помладиот, бил архиепископ на Константинопол, кој се смета за еден од најголемите богоносни отци и учители на христијанската црква. Познат е и како најиздигнат реторичар од времето на Црковните отци.  Како образуван оратор и филозоф, тој успеал да влијае на воведувањето на хеленизмот во ранохристијанското учење, со […]