Прва исповед на Валентина Радуловиќ по аферата што ја шокира македонската јавност

Поранешната македонската ракометарка Валентина Радуловиќ се најде на списокот со лица против кои МВР поднесе кривична пријава поради злоупотреба при вадење на лични документи.

Радуловиќ која важи за една од најуспешните спортистки кај нас наводно со уште едно лице наоѓале „клиенти“ на кои им биле потребни документи по брза постапка и ги собирале нивните податоци.

Доцна попладнево на социјалните мрежи се огласи пензионираната ракометарка која моментално работи како наставничка.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пазсоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, напиша таа.

Следни Објави

Една година по трагедијата, сестрата на прегазената Фросина откри што точно се случувало кобната ноќ

Росица Кулакова, сестрата на прегазената 22-годишна дизајнерка Фросина Кулакова, во интервју за порталот „Фемина“ се отвори за загубата која засекогаш го промени нејзиното семејство.  Една година по трагедијата во која на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ згасна животот на нејзината сестра, таа, меѓу другото, проговори што точно се случувало […]