Шокантни детали за таткото на детето на Милица Тодоровиќ: Оженет е, има два сина, а еве со што се занимава

Топ-тема во српските медиуми е Милица Тодоровиќ која пред неколку дена роди син и конечно стана мајка.

Познатата пејачка конечно се огласи во медиумите.

„Ми се исполни најголемата животна желба, да се остварам во улогата на мајка, и му благодарам на Бога за тоа. Ќе ве замолам, како и досега, да ги почитувате мене и моето семејство и тоа да остане така. Кога ќе дојде време, ќе зборуваме за сè, а сега само сакам да се опоравам и да бидам среќна со моето дете. Од стресот поради приказната што следеше по породувањето, го изгубив млекото. Сега најважно ми е здравјето на детето“, изјавила Милица за „Телеграф“.

Истиот медиум ексклузивно дознава дека човекот со кого Тодоровиќ го доби синот Богдан е белграѓанецот Н.М. кој се занимава со продажба на автомобили и е сопственик на автоперална. Истиот извор открива дека е оженет и има два сина со сопругата Љ.М.

Љ.М., пак, откако денеска протекоа снимки од прославата по повод раѓањето на детето на Милица Тодоровиќ и нејзиниот сопруг, се огласи за Пинк и изјави дека дури имала и разговор со пејачката.

„Ние сме 19 години во брак, имаме два сина. Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Јас бев во шок, веднаш ја побарав Милица, ја сретнав пред нејзината зграда, ме покани горе во станот да поразговараме. Таму беше и мојот сопруг. Со девојката разговарав убаво, со него не баш. Сомнежи имав, но ништо не проверував, ниту гледав пораки, ништо. Јас не знам што ѝ кажал тој нејзе, јас со него живеам 19 години во брак, имаме нормален брак и не знам што ѝ рекол и што таа планирала. Имавме нормален брак.. Навистина е страшно“, изјавила Љ. М. за „ПИНК“.

„Моите деца и јас поминуваме низ пекол. Милица и јас убаво разговаравме, таа ми рече дека тие се во врска една година и дека таа чека ние да се разведеме. Тој мене ми рече дека не сака да го напушти семејството, не знам што ѝ зборувал нејзе. Милица само сака ние да се разведеме и тој да биде со нив. Не ме праша за нашите деца, тоа не ѝ е важно. Најважно ѝ е во каков однос сме ние и дали сме во брак, како функционираме, за моите деца не ме праша, тоа не ја интересира. Понатаму таа не ме контактираше, јас не ја напаѓав, дури и ја заштитив“, порачала.

Следни Објави

Прва исповед на Валентина Радуловиќ по аферата што ја шокира македонската јавност

Поранешната македонската ракометарка Валентина Радуловиќ се најде на списокот со лица против кои МВР поднесе кривична пријава поради злоупотреба при вадење на лични документи. Радуловиќ која важи за една од најуспешните спортистки кај нас наводно со уште едно лице наоѓале „клиенти“ на кои им биле потребни документи по брза постапка […]