Трогателна објава! Сопругата на загинатиот Андреј (ДНК) се огласи по подолго време

Нема утеха за Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на познатиот пејач на „ДНК“ кој трагично го загуби животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март минатата година.

Со нова објава на социјалната мрежа „Инстаграм“, прва по подолго време, таа уште еднаж покажа колку ѝ фали човекот со кого делеше и добро и лошо и со кого ја има ќерката Јана.

Ѓорѓиеска овојпат постираше фотографија од нивно заедничко патување која за брзо време доби повеќе од илјада лајкови.

Ѓорѓиеска првпат се огласи во јавноста веднаш по трагедијата, како што напиша тогаш, поради нехуманиот однос на медиумите и државните институции. Таа порача и дека се надева оти за несреќата ќе одговараат вистинските луѓе. Подоцна се појави и зборуваше и на еден од протестните маршови на родителите чии деца ги загубија животите во една од најголемите несреќи во историјата на Македонија.

Следни Објави

Шокантни детали за таткото на детето на Милица Тодоровиќ: Оженет е, има два сина, а еве со што се занимава

Топ-тема во српските медиуми е Милица Тодоровиќ која пред неколку дена роди син и конечно стана мајка. Познатата пејачка конечно се огласи во медиумите. „Ми се исполни најголемата животна желба, да се остварам во улогата на мајка, и му благодарам на Бога за тоа. Ќе ве замолам, како и досега, […]