„Зборував со Даниел пред малку“: Соопштени детали за состојбата на Кајмакоски, еве што преживеал

Веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград е точна, ѝ соопшти на јавноста познатата македонска новинарка и водителка Миланка Рашиќ во улога на ПР на популарниот пејач.

Информацијата е објавена и на официјалните профили на Кајмакоски.

„Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома. Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале“, пишува во првиот дел од соопштението.

Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица.

„Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави. Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него“, е наведено во соопштението.

Следни Објави

„Ова е неправедно!“: Младата скопјанка затечена, бес и шок во „Ѕвездите на Гранд“

Скопјанката Ангела Влинтовска (21) синоќа настапи во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Не помина баш најсјајно, доби само три гласа од жирито, па битката ја продолжува во бараж. Свој заклучок на крај даде и пејачката Снежана Ѓуришиќ која е нејзина менторка. „Постојат многу еминентни пејачи, кои се многу популарни […]