„Ова е неправедно!“: Младата скопјанка затечена, бес и шок во „Ѕвездите на Гранд“

Скопјанката Ангела Влинтовска (21) синоќа настапи во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Не помина баш најсјајно, доби само три гласа од жирито, па битката ја продолжува во бараж.

Свој заклучок на крај даде и пејачката Снежана Ѓуришиќ која е нејзина менторка.

„Постојат многу еминентни пејачи, кои се многу популарни и одлично пеат, но мене не ми се допаѓаат. Никогаш не сум си дала право да кажам дека тоа не вреди и дека тие не знаат, туку само велам дека мене не ми се допаѓа и дека тие се врвни уметници. Ангела е врвна пејачка, многу образована, свири виолина, така што е исклучено да имало фалш, да имало – јас ќе го слушнев. Не знам од која причина доби само три гласа, дали затоа што некому му е здодевно? Тука мора малку да се пее и друга музика… Лично сметам дека ова е неправедно, но се надевам на продукцијата дека нема да греши, како што не грешела досега“, истакна Снежана.

Инаку, младата македонска натпреварувачка е родена на 10 октомври 2004 година. За себе вели дека е упорна, но и секогаш насмеана личност, додека како мана ја истакнува особината дека знае да биде инаетлива.

Ја сака и народната и забавната музика, а не може да одреди музички идоли, бидејќи обожава сè што е квалитетно, пишува за неа на официјалната страница на „Гранд“.

Следни Објави

По заминувањето од Алфа, Искра конечно се враќа пред камерите: Еве каде ќе ја гледаме

По заминувањето од ТВ Алфа Иска Канзурова се враќа на малите екрани. Популарната водителка има нов проект насловен „Глам и Драма“. Во емисијата ќе открива што стои зад сјајот и успехот на јавните личности, но и какви предизвици и драматични моменти се кријат зад сцената. Гледачите ќе имаат можност да […]