„Сале почина, а мене ме спаси Бог“: Пејачот Ѓоко Ѓорчев живее втор живот

Ѓоко Ѓорчев си ја отвори душата за немил настан кој засекогаш му го променил животот.

Голема трагедија се случила пред повеќе од три децении кога едвај останал жив, а негов близок пријател и соработник заминал во вечноста.

„Пред околу 35 години, јас заминав авионски кај него (српскиот музичар Саша Којиќ н.з.). Ме пречека со својот автомобил, беше нешто пред полноќ. Двајцата тргнавме кон студиото на Борис Бизетиќ, композитор и основач на групата ,,Рокери с Мораву” да земеме некои материјали. Во центарот на Белград, кај хотел Славија се случи трагедијата. Сале удри со автомобилот во автобус. Јас не се сеќавам на ништо, сум излетал од возилото кое се распаднало, откако го извадиле Сале, дури потоа случајно некој ме забележал дека лежам надвор во кршотините во бессознание“, раскажува познатиот македонски пејач за „Викимедиа“.

По настанот кој се случил неколку минути пред полноќ, Сале починал. Имал само 26 години. Тој не знаел за тоа, со потрес на мозокот, набиени гради и скршеница на ногата бил префрлен на клиника. Кога се освестил и прашал за другарот, лекарите му кажувале дека Сале е на операција.

„Кога ме отпуштија од клиника, ме зеде пријател на татко ми и ме однесе во својот дом во Белград. Од таму требаше да ме префрлат во Неготино. Постојано прашував за Сале, и кога го зедов телефонот да ѕвонам во клиничкиот центар, пријателот на татко ми само ми рече – Ѓоле, немој… Си отиде Сале“, открива Ѓорчев.

Следни Објави

Неочекуван момент: Сопругата на Кајмакоски проговори еден ден по киднапирањето

Даниел Кајмакоски доживеал вистинска драма во Белград, кога по настапот во Бетон хала бил киднапиран, а потоа пронајден врзан во автомобил од кој киднаперите побегнале. Сега за „Блиц“ се огласи неговата сопруга Марина, која открива како македонскиот пејач се чувствува во моментов. „Што да ви кажам, сите сме под стрес. […]