Четиригодишната Ема почина по рутинска операција: Мајката Сања бара одговори

Четиригодишно девојче почина по рутинска операција на крајници во Чачак, информираат регионалните медиуми.

Тамошните медиуми јавуваат дека Ема била здраво дете и дека прегледите и лабораториските наоди биле нормални пред и за време на операцијата.

Проблемот настанал при обидот да се разбуди, кога лекарите не успеале да го стабилизираат дишењето. Девојчето било реинтубирано и итно пренесено во Институтот за мајка и дете во Белград каде, за жал, починало.

Граѓани на Чачак синоќа протестираа пред Општата болница. Сања, мајката на девојчето, изјавила дека протестот бил мирен и дека главната цел е да се добијат одговори и да се утврдат одговорните за трагичниот исход.

„Ема беше здраво дете со закажана операција. Не обвинуваме никого, туку бараме вистина за тоа што се случи“, изјавила таа.

Следни Објави

Закани по живот и мрачен крај: Вистината за авторот на најубавите македонски песни

Денес се навршуваат четири години од смртта на докажаниот македонски музичар Тоде Новачевски. Неполна година пред да почине, Новачевски како никогаш дотогаш си ја отвори душата и проговори за заканите по живот откако се преселил во Австралија, за разводот со пејачката Маријана, но и за болеста. „Животот во Австралија мене […]