Неочекуван потег: Тамара конечно проговори за Лука, еве што навистина се случило

Тамара Тодевска конечно им стави крај на шпекулациите дека не е повеќе во врска со архитектот Лука Радовиќ.

Откако се отследија на социјалните мрежи, а пејачката ги избриша заедничките фотографии, јавноста беше се’ посигурна дека меѓу нив е готово, но еден неочекуван потег на Тодевска го покажа сосем спротивното.

Тамара објави заедничка слика на нејзиниот инстаграм-профил со која му честита роденден на Лука.

„Те бирам тебе. Денес, утре и засекогаш. Среќен роденден, љубави“, напиша во пораката.

Поп-ѕвездата за „Слободен печат“ кусо изјави дека со нејзиниот партнер никогаш не ја прекинале врската.

„Немам што да кажам повеќе. Се гледа сѐ на сликата. Никогаш не сме престанале“, изјави Тодевска.

Пред да му честита роденден таа последен пат се огласи за Лука пред неколку месеци кога одговараше на прашања од фановите.

„Зошто не го гледаме партнерот во последно време, преубав пар сте ми?“, ја прашаа тогаш тие.

„Тука е Лука, не смее да мрдне. Ми го урочивте, затоа не го гледате“, беше одговорот на Тамара.

Следни Објави

Четиригодишната Ема почина по рутинска операција: Мајката Сања бара одговори

Четиригодишно девојче почина по рутинска операција на крајници во Чачак, информираат регионалните медиуми. Тамошните медиуми јавуваат дека Ема била здраво дете и дека прегледите и лабораториските наоди биле нормални пред и за време на операцијата. Проблемот настанал при обидот да се разбуди, кога лекарите не успеале да го стабилизираат дишењето. […]