Го гледавме во најпопуларната турска серија: Ненадејно почина познатиот актер

На 45-годишна возраст ненадејно почина познатиот турски актер Канболат Горкем Арслан.

Според првичните сознанија на турските медиуми, здравјето нагло му се влошило во семејниот дом во Истанбул, по што бил итно пренесен во болница.

И покрај напорите, лекарите не успеале да го спасат. Смртта ја потврди и неговиот менаџер.

Арслан глумеше во повеќе хит-серии кои ги гледавме и на нашите телевизии, а особено ќе остане запаметен по улогата во серијата „Љубов, вера, надеж“ каде го играше ликот на Мехмет Ханџиоглу. Впечатлива улога имаше и во серијата „Езел“.

Следни Објави

Ги славиме Светите Три Јерарси: Една работа е најважна, направете ја!

Проповедајќи го Христа, тие навлегоа во срцата на луѓето со глас како копја, верувајќи во луѓето Свети Васили Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст се Светите три Јерарси, големи и славни пред Бога и пред луѓето. Не постои православна земја каде што не достигнаа гласовите и проповедта на тројцата богобојазливи учители […]