Пред неколку месеци ѝ соопшти на јавноста дека добила шанса за нов живот откако минатата година ѝ била откриена сериозна дијагноза.
Во таа прилика Сузана Турунџиева кажа дека иако судбината честопати ѝ делела лоши карти, научила како да одигра добро и разумно.
„Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна дијагноза, мене, која цел живот се трудам да живеам и да се хранам здраво. Во изминативе 10 месеци сфатив дека поважно од тоа што јадеш било што те јаде! Па, така, со силна верба во Бога и се разбира со верба во медицината имам привилегија да живеам нов живот, во кој на првото место сум јас, па сѐ друго“, кажа таа лани во интервју за „Слободен печат“.
Оттогаш, познатата пејачка, водителка и писателка постојано споделува мудри пораки на социјалните мрежи.
„Ако се фокусираш на болката, продолжуваш да страдаш.. Ако се фокусираш на лекцијата, продолжуваш да растеш.. Се е до фокусот!“ е последната што ја напиша и доби над илјада лајкови.

