Изгубија бебе, ѝ почина на раце, а денеска ќе славеа роденден

Јанко Узунов денеска ќе славеше роденден.

Сопругата Жаклина, со која беа заедно речиси две и пол децении, не го заборави на овој ден кога познатиот македонски пејач, композитор и професор ќе наполнеше 75 години.

„Среќен небески роденден Јанче“, напиша таа на социјалните мрежи.

По подолга пауза, Жаклина минатата година повторно застана на сцена на новосоздадениот фестивал во Владимирово. Таа отпеа песна што му ја посвети на славниот сопруг кој почина ненадејно на 63-годишна возраст од разорен инфаркт.

Претходно, во едно интервју откри дека ѝ починал на раце, но и дека во 2009 година им се случила трагедија кога го изгубиле бебето и дека тој немил настан особено ги зближил.

Следни Објави

Длабока тага и неверување: Се огласија и колегите по смртта на Ленче Делова

На 77-годишна возраст почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова. Тажната вест ја потврдија и од нејзината матична куќа-Драмски театар. „Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова. Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и […]