Длабока тага и неверување: Се огласија и колегите по смртта на Ленче Делова

На 77-годишна возраст почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова.

Тажната вест ја потврдија и од нејзината матична куќа-Драмски театар.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова. Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството и најблиските“, пишува во соопштението.

Делова се пензионира од театарската сцена во 2013 година. Играше и на филм, но и во многу телевизиски серии како „Чук Чук Стојанче“, „Опстанок“, „Во светот на бајките“ и „Македонски народни приказни“, а за улогата на Офелија во „Хамлет“ ја доби наградата „13 Октомври“.

Следни Објави

Каква трансформација, ни родена мајка не би го познала: Никола сега е друг човек

Заслужен аплауз во последното издание на „Ѕвездите на Гранд“ доби Никола Станишиќ. Македонскиот пејач синоќа застана на истата сцена на која лани триумфираше за да ја претстави својата нова песна „Невоља“. Станува збор за нумера на гркиот композитор Фивос за која стиховите ги напиша Јелена Трифуновиќ. Публиката во студиото, но […]