„Знаев дека си ти. Секогаш ти. Две души, една иднина.“
Овие зборови ги напиша популарниот македонски пејач и музичар под фотографиите од запросувањето на саканата.
Драган Величковски Тајзи ја запроси девојката Ангела, а на јавноста ѝ го покажа и свршеничкиот прстен што го одбра за неговата идна сопруга.


Тајзи во една прилика им откри на фановите дека го живее вториот живот, откако на 18 години имал страшна операција.

