Заслужен аплауз во последното издание на „Ѕвездите на Гранд“ доби Никола Станишиќ.
Македонскиот пејач синоќа застана на истата сцена на која лани триумфираше за да ја претстави својата нова песна „Невоља“.
Станува збор за нумера на гркиот композитор Фивос за која стиховите ги напиша Јелена Трифуновиќ.
Публиката во студиото, но и онаа пред малите екрани на почетокот едвај го позна нашиот интерпретатор.
Никола има комплетно нов имиџ.

Сега носи наочари, а и фризурата му е многу повпечатлива.

„Каква трансформација, ни родена мајка не би го познала“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

