Тажен ден во Македонија: Ова е 25-годишното момче кое загина кај Смилчинци

Млад возач загина, а три лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на местото викано Смилчинци, во општина Старо Нагоричане.

Од МВР информираа дека несреќата била пријавена во СВР Куманово околу 19:05 часот. Според првичните информации, патничко возило „Фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски таблички, управувано од 25-годишниот С.Т. од селото Нерав, најпрво удрило во куче скитник, по што возачот изгубил контрола и преминал на спротивната сообраќајна лента.

Во спротивната лента „голфот“ директно се судрил со автомобил „БМВ“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот Ф.Ј. од селото Длабочица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатничките од возилото „БМВ“, 20-годишната А.С. и 53-годишната С.Ј., двете од Крива Паланка. Повредените биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде лекарите констатирале смрт кај возачот на „голфот“ како последица на тешките повреди.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Роднини и пријатели со трогателни посвети веќе се простуваат од загинатото момче.

На фан-страницата на село Герман е објавена и фотографија од жртвата и е наведено дека станува збор за Стефан Трајковски.

Следни Објави

Трагичен крај! Виктор пронајден без знаци на живот, позади себе остави малолетно дете

Трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски кој исчезна во саботата. Лошата вест ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи за порталот „Скопје1“. Оттаму информираат дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница-Прилеп е пронајден В.И. (40) […]