Од 39-годишниот Виктор Илиоски од Прилеп нема ни трага, ни глас.
Го нема од саботата, од околу 14.00 часот, а сега се огласи татко му Драган кој е избезумен.
Вели дека никогаш не се случило да излезе и да не каже кога ќе се врати. Како што раскажува, Виктор бил зависник и последните месеци бил под терапија, се лекувал и немале никакви проблеми. Ништо не наговестувало дека може да замине некаде без да каже каде оди и да го остави семејството во тешка неизвесност.
„Виктор е татко, има малолетно дете, има семејство кое го сака и се грижи за него. Очајно молиме за помош“, вели таткото за „Викимедиа“.
Семејството чека одговори од полицијата, по проверка на камери во околината, а истовремено апелира до јавноста, ако некој го забележи веднаш да се јави во полиција или кај нив на 076 303 292.

Станува збор за крупен човек, висок околу 180 сантиметри. Бил облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики. Кај себе немал некоја поголема сума на пари. Го носел мобилниот, телефонот ѕвонел, но никој не одговарал.

