Трагичен крај! Виктор пронајден без знаци на живот, позади себе остави малолетно дете

Трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски кој исчезна во саботата.

Лошата вест ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи за порталот „Скопје1“.

Оттаму информираат дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница-Прилеп е пронајден В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот.

Повеќе портали пренесоа дека на социјалните мражи се огласила и мајката на Виктор.

„Почина син ми“, биле нејзините зборови напишани на „Фејсбук“.

Претходно се огласи и неговиот татко Драган кој сподели непознати детали од животот на Виктор.

Како што раскажа, Виктор бил зависник и последните месеци бил под терапија, се лекувал и немале никакви проблеми. Ништо не наговестувало дека може да замине некаде без да каже каде оди и да го остави семејството во тешка неизвесност.

Откри и дека Виктор е татко на малолетно дете.

Следни Објави

Најблиските се простуваат од Златко Митревски

Тажна вест Македонска Каменица денеска, со тага и болка, се простува од својот роднина, другар, пријател и познајник Златко Митревски (1981-2026). „Со неизмерна болка и тага во срцата изразуваме длабоко и искрено сочувство за прерано починатиот наш роднина, пријател, другар и сограѓанин. Златко, ќе бидеш запаметен како човек со големо […]