Тажна вест
Македонска Каменица денеска, со тага и болка, се простува од својот роднина, другар, пријател и познајник Златко Митревски (1981-2026).
„Со неизмерна болка и тага во срцата изразуваме длабоко и искрено сочувство за прерано починатиот наш роднина, пријател, другар и сограѓанин.
Златко, ќе бидеш запаметен како човек со големо срце, како искрен и верен другар, вистински пријател. Људина! Господ Бог нека ти дари царство небесно! Вечна ти слава“, пишува во објавата на фејсбук-страницата на „Каменица.мк“.

