На првото издание на „Фолк фест Владимирово“ лани требаше да настапи и Виданка Ѓорѓиевска, но на познатата македонска пејачка ѝ се случи голема трагедија непосредно пред настапот на фестивалот на новокомпонирани народни песни.
Требаше да настапи со нумерата „Моја Македонија“ која на крајот заеднички ја отпеаја нејзините колеги.
Токму тие објаснија што всушност се случило.
„Требаше да настапи и Виданка на фестивалот, сите се радувавме на можноста заедно да бидеме дел од првото издание на еден така значаен настан за нашата народна музика. Но, ѝ се случи голема трагедија, ѝ почина синот… Затоа, решивме сите интерпретатори заедно да ја отпееме нејзината песна“, открија тогаш колегите на Виданка за „Фокус“.

Според последните информации, Виданка годинава го потврдила учеството на второто издание на фестивалот.

