Александра Шијакоска денес наполни 33 години.
Македонската инфлуенсерка се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава.
Ова е нејзина прва исповед откако во јануари ѝ откри на јавноста дека „синчето кое го родила заминало во рајот“.
„Сакав да го прескокнам роденденот. После се’, мислев тивко да помине. Ама ова е мојот прв роденден каде што Риан разбира. Гледа свеќа и знае дека треба да ја дувне. Пее „happy to you мајчиче“. Баш тоа ми требаше. Потсетник. Дека сум жива. Дека сум мајка. Дека Бог ме благослови со дете и покрај се’ што помина моето тело и мојот ум“, пишува Шијакоска во трогателниот пост.
„Да, изгубив дете. Двапати. Изгубив и многу други работи. Да, ме немаше. Да, многу болеше…
Ама денес полнам 33. И наместо да бројам години, бројам сила што не знаев дека ја имам и се молам оваа година да сум среќна, наместо силна“, дополнува таа.

