Сузана Спасовска конечно се огласи по она што почна масовно да се споделува по социјалните мрежи.
Популарната пејачка остро реагираше по информацијата што ги збуни сите.
Таа е последна во низата јавни личности кои станаа жртви на измама.
„Драги и почитувани фејсбук пријатели! Секојдневно ми пристигнуваат прашања за некои таблети кои се рекламираат преку реклами создадени од вештачка интелигенција, па сакам да ви кажам, дека никого и ништо не рекламирам, сите реклами кои ќе ги видите со мојот лик и моето име и презиме, се лага! Не нарачувајте!“, порача Спасовска.

