Во тешка сообраќајка животот го загуби Љупчо Бучукоски

Тажна вест соопштија од Центарот за управување со кризи.

Вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст животот го загубил нивниот колега Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола.

„Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Битола и Демир Хисар секогаш кога тоа беше потребно.

Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста“, пишува во објавата.

Следни Објави

Што се случува? Сузана Спасовска се огласи со итна порака

Сузана Спасовска конечно се огласи по она што почна масовно да се споделува по социјалните мрежи. Популарната пејачка остро реагираше по информацијата што ги збуни сите. Таа е последна во низата јавни личности кои станаа жртви на измама. „Драги и почитувани фејсбук пријатели! Секојдневно ми пристигнуваат прашања за некои таблети […]