Жена му се самоуби, познатиот пејач никогаш не се помири: Тоа што му го напиша го прогонуваше до крајот на животот

Се’ до својата смрт, легендарниот фолк-пејач Боро Дрљача не успеа да се помири со семејната трагедија кога неговата сопруга Верица посегна по својот живот во паркот кај култниот хотел Југославија.

Покојниот Дрљача во една прилика откри дека никогаш нема да го заборави моментот кога во станот го пронашол нејзиното проштално писмо со две кратки реченици.

„Извини, многу сум уморна. Чувај ми ги децата“, пишувало во пораката.

Дрљача не престана да тагува по неа. Често ја спомнуваше во интервјуата.

„И претходно сакаше да се самоубие. Првпат кога испи грст таблети. Ја пронајдов во куќата во бесознание и веднаш ја однесов во болница. Ѝ го спасив животот. Навистина не знам зошто тоа го направи. Мислам дека покрај мене ништо не ѝ фалеше, верувајте ми. Реши дека не сака повеќе да биде на овој свет и не можев да ја спречам“, раскажа тој.

Боро Дрљача почина на 11 октомври 2020 година.

Семејството му ја исполни неговата последна желба-да биде погребан до својата Верица.

Следни Објави

(ВИДЕО) „Ќе признаете вина или ќе се смеете уште“: Прва снимка од сопругот на Ивана

Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена, која заедно со своето шестгодишно дете починаа по пад од балкон во Карпош, молчејќи и со правење гримаси влезе во суд, објави „Скопје 1“ на својот инстаграм-профил. На снимката што ја објави истиот портал може да се слушне како новинарот Кристијан Ландов го прашува […]