Придружниот вокал на „ДНК“, Ана Костадиновска, и младиот гитарист и пејач Горан Тонев се единствените преживеани уметници кои редовно настапуваа со групата.
Таа сега повторно се огласи на социјалните мрежи со уште една трогателна објава споделувајќи фотографии од лански настап во еден скопски клуб што се одржа само една недела пред трагедијата во Кочани.
„Паметам како вчера да беше.. секоја песна, секоја емоција. Сто пати си кажавме колку се сакаме, скокавме, се забавувавме, се гушкавме, како да знаевме дека е последно.. Бескрајно многу ми недостасувате“, напиша таа.

Костадиновска, инаку ќерка на легендарниот македонски музичар и автор Кире Костов, особено беше блиска со колешката Сара Пројковска која загина на 16 март, а за која во повеќе наврати изјави дека ѝ е сродна душа.
*Насловна фотографија: Фејсбук-профил на ДНК

