Почина легендарниот Кили

На 58-годишна возраст вчера во Еквадор починал актерот Кирил Поп Христов-Кили, потврдил пријател на семејството за „СДК.мк“.

Веста за смртта на актерот, на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп-Христова, пишува истиот портал.

Поп-Христов беше еден од најавангардните актери на домашната сцена.

Во 2013 годиниа беше осуден на една година затворска казна за производство и пуштање во промет марихуана. Во својата одбрана, тогаш, кажа дека е свесен оти прави кривично дело, со образложение дека произведува марихуана за лекување на карциномот кој му бил дијагностициран.

Следната година се пресели во Еквадор, но често доаѓаше во Македонија.

Пред неколку месеци ја смени профилната фотографија на „Фејсбук“ и покажа колку се променил.

Следни Објави

По сите животни драми мирот го најде далеку од дома: На последната фотографија покажа колку се променил

На 58 години во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп-Христов. Тажната вест ја потврдија и од неговото семејство. Беше мултиталентиран уметник. Го гледавме во различни проекти, оствари впечатливи филмски и ТВ улоги. По сите животни премрежја во 2014 година се пресели во јужноамериканската земја каде остана се’ до неговата смрт. […]