Живееле бедно, тоалетот им бил во двор: Емотивно сведоштво на водителот на „Мерак меана“

Трајче Толевски, познат како Трајче Мајка, беше гостин во новата епизода на емисијата „Кафе муабети“.

Домаќинот на „Мерак меана“ со силни емоции се наврати на своето детство и на патот што го донел таму каде што е денес.

Низ искрено сведоштво тој откри дека потекнува од Егејци и дека израснал во скромна, работничка средина.

„Татко ми и мајка ми никогаш не биле одвоени, а зборот на татко ми секогаш беше последен. Бевме работничка фамилија, немавме многу… Од Земун дојдовме, па татко ми направи една куќа во која живеевме“, се присети тој.

Во младоста, покрај музиката, голема страст му бил и ракометот. Сепак, со текот на времето, животот го насочил кон други приоритети – факултетот и семејството, особено затоа што се оженил на млади години.

Во својата исповед Трајче откри и како ја запознал сопругата, жената која, како што вели, му е најголемата поддршка низ животот. Нивната љубов започнала во младоста, а првите години од заедничкиот живот биле исполнети со многу скромност, но и голема верба во подобра иднина.

На почетокот живееле во едно мало сопче – со 18 штекери и само две столици направени од отпад. Тоалетот бил во дворот, но и покрај скромните услови, тие никогаш не се откажале еден од друг и од заедничките соништа.

Денес, како што вели Трајче, имаат сè што им треба. Сепак, признава дека постои уште една желба која му недостига за целосна среќа – да стане дедо и да ги дочека своите внучиња.

Следни Објави

За Магдалена си го растури бракот: Добија син, па ја дозна болната вистина

Цели 20 години страдал по школската другарка во која бил силно вљубен. После толку време конечно се споиле и добиле син, а нивната приказна го обиколи светот По завршувањето на средното училиште и по неколку години забавување, се оженил со извесна Хана со која немал деца, но бракот им бил […]