Брутално искрен беше Кирил Поп Христов во едно од неговите последни интервјуа.
На неговото гостување во „Само вистина“ се присети новинарката и уредничка Мирјана Трпческа која во тоа време беше домаќинка на емисијата.
Таа издвои неколку негови поенти кои јасно покажуваат за третманот што го имаат македонските уметници во државава.
„Живеам во Еквадор за да се вратам еден ден во Македонија, но не ме сакаат овде. Како да има меѓу мене и Македонија и Скопје некоја невидлива бодликава жица за повторно силно и страствено да се прегрнеме само како што ние знаеме..“
„Во време на ВМРО ДПМНЕ си заминав од Македонија, во време на СДСМ иако бев повикан да се вратам, не ми се овозможија услови да останам овде. Шест месеци сум тука, никој не ми тропна на врата за да почнам со работа во театарот. Ме излажаа..“, кажа, меѓу другото, Кили во таа 2018 година.

