По сите животни драми мирот го најде далеку од дома: На последната фотографија покажа колку се променил

На 58 години во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп-Христов.

Тажната вест ја потврдија и од неговото семејство.

Беше мултиталентиран уметник. Го гледавме во различни проекти, оствари впечатливи филмски и ТВ улоги.

По сите животни премрежја во 2014 година се пресели во јужноамериканската земја каде остана се’ до неговата смрт.

Поп-Христов во 2013 година беше осуден на една година затворска казна за производство и пуштање во промет марихуана.

Тогаш, во својата одбрана кажа дека е свесен оти прави кривично дело, со образложение дека произведува марихуана за лекување на карциномот кој му бил дијагностициран.

Последната фотографија од него ја објави во ноември минатата година кога покажа колку се променил во меѓувреме.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Прва исповед на сопругата: Детали за ненадејната смрт на Кили далеку од дома

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на реномираниот театарски, филмски и телевизиски актер Кирил Поп Христов (1967 – 2026). Поп Христов остави значаен белег во македонската култура, а многумина ќе го паметат по авангардноста и по бруталната искрeност во своите излагања. Откако тажната вест ја потврдија и од […]