Прва исповед на сопругата: Детали за ненадејната смрт на Кили далеку од дома

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на реномираниот театарски, филмски и телевизиски актер Кирил Поп Христов (1967 – 2026).

Поп Христов остави значаен белег во македонската култура, а многумина ќе го паметат по авангардноста и по бруталната искрeност во своите излагања.

Откако тажната вест ја потврдија и од семејството, утрово се огласи и неговата сопруга, познатата кореографка Гордана Деан Поп Христова.

Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот, открива таа за „Викимедиа“.

Поп Христов починал мирно, во сон, од инфаркт, скршена од болка раскажува неговата сопруга за истиот портал.

Гордана и Кили се преселија во Еквадор пред 12 години. Таму живее и нивната ќерка Јоана.

Следни Објави

„Во време на ВМРО заминав од Македонија, од СДСМ ме излажаа“: Кили брутално искрен во едно од неговите последни интервјуа

Брутално искрен беше Кирил Поп Христов во едно од неговите последни интервјуа. На неговото гостување во „Само вистина“ се присети новинарката и уредничка Мирјана Трпческа која во тоа време беше домаќинка на емисијата. Таа издвои неколку негови поенти кои јасно покажуваат за третманот што го имаат македонските уметници во државава. […]