Марко Марк е новиот гостин во подкастот „Со Ана на Ти“.
Познатиот телевизиски и радиоводител и новинар си ја отвори душата како никогаш досега.
Марко првпат проговори за едно од најстрашните искуства со коишто се соочил.
Станува збор за сообраќајна несреќа што значително му го променила погледот кон животот.
Марко со насолзени очи раскажа дека го удрил автомобил на пешачки во близина на неговото живеалиште.
„Кога во брзата помош си ги почувствував стапалата, бев најсреќниот човек“, вели тој.

