За Магдалена си го растури бракот: Добија син, па ја дозна болната вистина

Цели 20 години страдал по школската другарка во која бил силно вљубен. После толку време конечно се споиле и добиле син, а нивната приказна го обиколи светот

По завршувањето на средното училиште и по неколку години забавување, се оженил со извесна Хана со која немал деца, но бракот им бил речиси идеален.

Сепак, Јиржи Тетвијак од полскиот град Вроцлав одлучил да ја напушти сопругата поради Магдалена, девојката во која бил смртно вљубен во тинејџерските години, без воопшто да претпостави што се’ преживеала таа во меѓувреме.

За Магдалена почнал интензивно да се интересира пред неколку години. Слушнал дека таа се преселила во Париз, па за миг се помирил со фактот дека не му е судена. Сепак, како што раскажува тој, судбината имала други планови, па лани сосема случајно налетал на неа во еден трговски центар во Вроцлав, додека таа се шетала со нејзината мајка.

„Беше поубава од порано. Постара, посериозна, формирана и успешна жена. Кога ми кажа дека размислува да го напушти Париз и да се врати дома, срцето ми заигра. Повторно се видовме по неколку дена. На средбата ми призна дека и таа имала симпатии кон мене во средно, но дека јас сум бил премногу срамежлив и повлечен, а таа не сакала да го направи првиот чекор. На сите им се допаѓаше во одделението, особено на двајца мои другари. По матурата изгубив контакт со нив, па не знаев во какви односи останала таа со другите. По неколку средби, ми стана швалерка. Не можев повеќе да глумам пред жена ми, па се разведов. Немаше посреќен маж од мене кога почнвме со Магдалена да живееме заедно“, раскажува тој.

По помалку од една година, им се родил син. Му било чудно што Магдалена никогаш не зборувала за своето емотивно минато. Одбивала да разговара за поранешните партнери.

Кога Јиржи конечно го дознал тоа што го измачувало, се запрепастил.

„Отсекогаш се сомневав дека Магдалена била со еден од школските другари и се покажа дека сум бил во право. Меѓутоа, се шокирав кога дознав дека таа врска траела само неколку дена и дека тој гад ја силувал. Таа дури пред неколку години се опоравила од траумата. Затоа и побегнала во Париз. Забележав нешто чудно во приказната, но не инсистирав на ништо дополнително. Магдалена ме увери дека тоа е едно грдо минато кое го оставила таму каде што и припаѓа“, откри Јиржи.

Следни Објави

„Кога во брзата помош си ги почувствував стапалата..“: Македонскиот водител си ја отвори душата

Марко Марк е новиот гостин во подкастот „Со Ана на Ти“. Познатиот телевизиски и радиоводител и новинар си ја отвори душата како никогаш досега.  Марко првпат проговори за едно од најстрашните искуства со коишто се соочил. Станува збор за сообраќајна несреќа што значително му го променила погледот кон животот. Марко со […]