„Ти благодарам за секоја подадена рака и за секоја жртва“: Емотивна приказна на шеф Никола од „Брза кујна“

Денес е посебен ден за популарниот шеф од кулинарското шоу „Брза кујна“. 

Македонскиот готвач Никола Мишковски сподели емотивна објава на денот кога, како што пишува, се родил човекот кој го научил што значи сила, чесност и вистинска љубов.

„Ти благодарам за секој совет, за секоја подадена рака и за секоја жртва што си ја направил за нашето семејство. Ти си мојот пример, мојата поддршка и мојата гордост. Нека Бог ти подари многу здравје, мир и уште многу среќни години исполнети со радост и насмевки. Среќен роденден тато, те сакам многу!“, напиша шеф Никола.

Мишковски секој слободен миг го користи за уживање со своите најмили.

Има три деца, две ќерки со втората сопруга и син со првата.

Следни Објави

Фотографија што крши срца: Тажна објава на Тања Кочовска за Кили

Со стара фотографија која буди многу спомени, Тања Кочовска емотивно се прости од Кирил Поп Христов. Македонската актерка сподели момент од помладите денови со кој покажа колку силна трага оставил легендарниот Кили во нејзиниот живот. Објавата брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции од пријатели, колеги и […]