Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски: Се огласија неговите

Тажна вест соопштија од кошаркарскиот клуб Гостивар.

Оттаму велат дека со длабока тага ја примиле веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски, спортски директор, еден од основачите на нивниот клуб.

„Ѓорѓи беше човек кој остави длабока трага во спортот и во заедницата. Со својата посветеност, визија и огромна љубов кон клубот, тој беше еден од темелите врз кои се градеше нашата приказна. Неговиот труд, енергија и поддршка ќе останат засекогаш дел од историјата на клубот“, пишува во објавата.

„Покрај спортот, Ѓорѓи беше почитуван и како долгогодишен директор во ЕСМ Гостивар, каде со својата работа и професионалност придонесе за развојот на институцијата и за доброто на градот. Ќе го паметиме како човек со големо срце, искрен пријател и вистински спортски работник. Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои го познаваа. Нека почива во мир. Слава му“, пишува во соопштението на КК Гостивар.

Следни Објави

Го преживеа пожарот во Кочани, а сега низ солзи раскажа како целосно се променила

Надалина Грозданова е 19-годишна девојка која ја преживеа трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа сега, на годишнината од несреќата, првпат јавно проговори за ноќта на пожарот и за тешката борба за живот што следувала. Вели дека сеќавањата од моментот кога избувнал пламенот ѝ се избришани и не памети точно […]