Го преживеа пожарот во Кочани, а сега низ солзи раскажа како целосно се променила

Надалина Грозданова е 19-годишна девојка која ја преживеа трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Таа сега, на годишнината од несреќата, првпат јавно проговори за ноќта на пожарот и за тешката борба за живот што следувала.

Вели дека сеќавањата од моментот кога избувнал пламенот ѝ се избришани и не памети точно што се случило, но од моментот кога се разбудила од кома во Грција знае дека во секој момент имала некој до нејзе и дека докторите и целиот медицински тим ѝ го спасиле животот.

„Од многу аспекти се сменив како човек. Порано се грижев за многу работи во животот, но денес сфаќам дека ништо нема вредност кога не си здрав“, вели Грозданова за Скопје1.мк

Додека се лекувала на интензивна нега, таа ја добила и титулата ученик на генерацијата, но признава дека во тој момент тоа не ѝ значело ништо.

Следни Објави

Прва исповед на гитаристот на ДНК кој еден месец беше во кома: Раскажува како се извлекол

Младиот гитарист и пејач Горан Тонев (25) кој го преживеа пожарот во Кочани првпат детално раскажа за несреќата. Тој открива дека од импровизираната дискотека излегол со многу повреди и навистина мислел дека го губи животот. Раскажува дека во тие моменти му помогнала девојка по име Моли, која заедно со нејзината […]