Огромна тага! Трагично и прерано животот го загуби Љупка Кузманова, мајка на три деца

Од македонската православна црква Свети Климент Охридски во Љубљана споделија тажна вест.

Како што пишува во нивната објава, пред два дена трагично и прерано го загубила својот живот нивната сестра во Христа, Љупка Кузманова-Кореловиќ (1985-2026).

Родена е во Горни Подлог-Кочани, сопруга и мајка на три деца, живееше во Љубљана.

„Бог да и дарува Царство Небесно, на семејството утеха во Христа Воскреснатиот. Во недела на Богослужбите ќе се помолиме за нејзината душа, и за утеха на блиските, да покажаме Христијанско милосрдие. Бог да ја прости!“, пишува во објавата.

Следни Објави

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски: Се огласија неговите

Тажна вест соопштија од кошаркарскиот клуб Гостивар. Оттаму велат дека со длабока тага ја примиле веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски, спортски директор, еден од основачите на нивниот клуб. „Ѓорѓи беше човек кој остави длабока трага во спортот и во заедницата. Со својата посветеност, визија и огромна љубов кон клубот, […]