Тажна вест сподели Спасен Сиљаноски.
Популарниот македонски пејач објави дека починал неговиот татко.
Со трогателна посвета се прости од него.
„Денес Бог ми го зеде најдобриот другар. Човекот кој што ме научи се’ во животот. Човекот кој пред се’ ме научи што значи чест, морал и достоинство.

Татичко, не знам дали уште еднаш ќе можам да запеам песна како што тоа го правевме заедно. Ќе ми фали твојот глас, твојата поддршка, твојата љубов. Почивај во мир“, напиша Сиљаноски.

