На годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани на социјалните мрежи се огласи и сестрата на Владимир Блажев-Панчо, едната половина од дуото ДНК.
Наместо зборови, Јадранка Неделковска сподели скршено срце објавувајќи го прилогот на естрадниот магазин „Бекстејџ“ посветен на нејзиниот славен брат.
Неделковска го негува споменот. И на нејзината профилна слика на „Фејсбук“ е испишана трогателна посвета.
„Засекогаш твојата дада, и за вечни векови“, пишува на фотографијата.

„Душа моја, братче мое мило.. Зошто? Си замина и ми остави само чемер во душава, пресушени очи и тешка, еден тон, мисла дека повеќе нема да дојдеш да ме видиш, ниту пак јас да те гушнам и да те слушнам.. Ми ги остави само сликите и филмот со сите спомени кои ќе ги носам секогаш со себе и ќе ги чувам до вечни векови. Почивај во мир ангеле мој и нека ти е светол патот. Збогум. Те сака твојата Дада“, напиша Неделковска на денот кога Панчо почина.

