Го остави да умре ко куче: Додека се распаѓаше, жена му го тепаше и изневеруваше

Морничави детали од животот на најголемиот холивудски заводник не престануваат и по речиси две децении од неговата смрт.

Патрик Свејзи почина на 14 септември 2009 година на 57-годишна возраст од рак на панкреасот.

Oстави милиони фанови со скршено срце, a неговата животна приказна е полна со шокантни детали. Неговите последни денови биле како хорор филм.

Борбата на холивудскиот заводник со ракот на панкреасот започна кон крајот на 2007 година, кога забележал дека нешто не е во ред за време на новогодишната забава со неговата сопруга, писателката Лиза Ниеми.

Неговите пријатели велат дека таа била лоша и непресметлива личност која го држела во заробеништво и го третирала како затвореник, што било повеќе од поразително со оглед на неговата богата кариера и брилијантните улоги по кои се прослави.

„Патрик, кој поради нејзинта немарност спадна на само 40 килограми, никој не смееше да го посети“, изјави пријател на актерот во една прилика.

Тој тврдеше дека ѕвездата на „Валкан танц“ бил навредуван, тепан и изневеруван и со жени и со мажи од страна на Лиза, а таа го држела и во домашен притвор.

„Дон, помладиот брат на Патрик, се грижеше за него кога можеше. Но, кога не беше во градот, Патрик ѝ беше препуштен на Лиза која воопшто не се грижеше за него. Дон, кога се враќаше од пат, Патрик го наоѓаше како лежи во сопствените урина и измет“, раскажа пријателот за американскиот портал „Радар онлајн“.

Друг извор за истиот портал тврдеше дека Лиза со години управувала со парите на Патрик и му наредувала кои улоги да ги прифати, а кои не. Патрик Свејзи страдал и наводно по секоја цена останал со неа затоа што го уценувала дека ќе ѝ ги открие сите семејни тајни на јавноста.

Следни Објави

Ја силуваа, па ја најдоа мртва: Причината за смртта на Ивана никој не ја очекуваше

Таа имаше епизодна улога во популарната серија „Село гори, баба се чешла“. Кога пред неполна деценија беше пронајдена мртва во стан на нејзин пријател јавноста остана шокирана. Според официјалниот извештај, се предозирала со психоактивни супстанци. Покрај телото на манекенката и модел Ивана Млаѓовиќ, во бесознание беше пронајден и Милош, таксист […]