Таа имаше епизодна улога во популарната серија „Село гори, баба се чешла“.
Кога пред неполна деценија беше пронајдена мртва во стан на нејзин пријател јавноста остана шокирана.
Според официјалниот извештај, се предозирала со психоактивни супстанци.
Покрај телото на манекенката и модел Ивана Млаѓовиќ, во бесознание беше пронајден и Милош, таксист од Крагујевац, за кого медиумите тврдеа дека е нејзин вереник.
Неколку години пред трагедијата, Ивана била жртва на злоставување. Се пишуваше дека дури побарала и полициска заштита од тогашниот партнер кој ја силувал. Момчето беше осудено на две години затвор, а истрагата покажа дека Ивана била мачена во станот во кој живеела.

Како што пишуваше во обвинението, партнерот ја терал да пие алкохол и лекарства, а ја нападнал и на нејзиното работно место со тупаници и ѝ нанел тешки повреди со остар предмет, пренесе тогаш „Блиц“.
Ивана на јавноста најмногу ѝ е позната како поранешна плејбој-зајачица која учествуваше во натпреварувањето „Плејбој девојка на годината“. Победата за влакно ѝ избега, а триумфираше старлетата Сораја Вуќелиќ.

