Се’ уште има надеж за човештвото со вакви луѓе
Суад Мисини од Скопје, активист и борец за човекови права, заедно со неговиот син Исак ја донираат куќата на нивната сопруга и мајка Азбија Мемедова која починала лани во декември.
Тие имаат желба имотот да се користи како безбеден простор за ранливи категории на граѓани.
Нивната намера е објектот да стане прифатилиште за жртви на семејно насилство, деца без родители и социјално загрозени категории.
Веста за одлуката ја објави Мисини на социјалните мрежи, со апел да добие помош од архитекти, бидејќи му била потребна донација за рехабилитација и адаптација на куќата.
Како што истакнува, имињата на сите кои ќе помогнат, ќе бидат истакнати на влезот во куќата.
Неговата сопруга ќе остане запаметена како голем борец за човекови и детски права и жена со прогресивни идеи за развој на образованието.

