Соња Тарчуловска во повеќе наврати покажа дека е исклучително блиска со фамилијата.
Минатата година го покажа семејството од родниот Пробиштип кога нејзиниот татко наполни 77 години.
За жал, мајката на фолк-пејачката почина на крајот од 2023 година.

Тарчуловска неодамна со емотивна роденденска посвета проговори за сестра ѝ Габриела Арсовска.
„Среќен роденден, сестро моја. Растевме заедно како едно срце, делејќи соништа, радости и тишини што само ние ги разбираме. Иако животот нè однесе по различни патишта, никогаш не престанавме да бидеме поврзани – засекогаш врежани една во друга, како едно.

На овој твој ден ти посакувам да ти се оствари најголемата желба што длабоко ја носиш во срцето. Да имаш сила кога е тешко, мудрост кога се двоумиш и мир кога ти е најпотребен. Биди храбра – како жена, како мајка, како човек. Биди горда на сè што си поминала и на сè што допрва ќе дојде. Животот нека ти врати со љубов за сета добрина што ја носиш во себе. Те сакам повеќе отколку што можат зборовите да кажат. Секогаш ќе бидам тука за тебе – како сестра, како пријател, како дел од твојата душа“, напиша Тарчуловска.

