Пиперки од 289 денари за кило?! Вистината што никој не сака да ја слушне!

Да ви раскажам кратка сторија за вчерашната приказна со пиперките од 289 ден/кг.

Многу од вас наоѓате оправдување дека во зима бербата е под специјални услови, па уште не знам какви оправдувања. Тоа е македонскиот синдром на самоуништување.

Епа да ви ја објаснам економијата на пиперкарите. Оди вака: тоа што не забележавте на сликата е дека пиперките се произведени во Северна Македонија, а бербата е 2025 година! Тоа значи дека оние намачени земјоделци, на некој богаташ бизнисмен, што има ладилници, му ги продале летото кога цената на големо одеше по 15-20 денари за килограм.

Потоа типот ги става во ладилници кои ги одржуваат до сега, и истите ги продава со маржа од 1445% за 289 ден/кг и заработува на килограм неверојатни 269 денари, минус заработката на маркетот. Еве да речеме таа е 40 денари, тоа значи дека богаташот за килограм заработил 229 денари, што е околу 4 евра на килограм. Значи додека тој заработил 4.000 евра на тон, закрепостените земјоделци што ги произвеле заработиле 350 евра за тон.

Епа сега вие продолжете со правдање!

п.с.. Пред некој ден купив грав за 56 денари, земја на потекло: Египет. Одличен! А нашиве нека ни го шибаат по 600 ден/кг.

Поздрав.

Фејсбук-статус на Роберт Милески

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Едниот живее во странство: Водителката Снеже Велков конечно откри детали за синовите

Снеже Велков неодамна наполни 44 години. Таа е сопруга, но и мајка на два сина кои не ги експонира во јавноста и ретко зборува за нив. Познатата македонска водителка сега конечно откри детали од нивниот живот. „Едниот син веќе е свој човек – студент е и живее сам во странство. […]