Снеже Велков неодамна наполни 44 години.
Таа е сопруга, но и мајка на два сина кои не ги експонира во јавноста и ретко зборува за нив.
Познатата македонска водителка сега конечно откри детали од нивниот живот.
„Едниот син веќе е свој човек – студент е и живее сам во странство. Другиот е деветто одделение. Двајцата се сосема различни, но братски сложни. Многу разговараме, дебатираме, коментираме. Малку тие мислат дека знаат сè, малку јас мислам дека знам повеќе. Малку јас ги прашувам: „И сега кај да кликнам на компјутерот“, малку тие мене: „На колку да ја вклучам рерната?“. Сè додека речениците се завршуваат со точка или прашалник, добро е, кога игра извичникот – e тогаш е ризично“, раскажува Велков во интервју за „Слободен печат“.

