Велигденски понеделник: Жени, ова мора да го направите!

Велигденскиот понеделник според византискиот обред е првиот ден на Светлата недела-седмицата по Велигден. Богослужбите на овој ден се исти како за Велигден. Во поголемиот дел од овие краишта велигденските празници се слават три дена.

На велигденскиот понеделник продолжуваат гозбите и веселбата на кои се пречекуваат роднините, кумовите, соседите и пријателите. Тоа е време кога се собираат роснините од подалечните краишта. Во повеќе места се организираат литии.

Во Србија, во селата на Војводина се задржал еден обичај-поливање на девојките со вода. Имено, сите млади момчиња со фијакери  кочии ги посетувале девојките во селото и со себе носеле тамбураши или самите свиреле но носеле и кантичка или сад со воа со кој ја полевале девојката. Симболично, полевањето со вода претставува миење на претходните гревови на девојката, а тоа исто така потсетува и на тоа како Исус им ги миел нозете на апостолите.

Се сметало дека колку повеќе ја полее некое момче девојката значи дека поголема е шансата дека ќе ја запроси таа година. После тоа девојката ги служела со обоени јајца, колачи и вино, а понекогаш и ќе заиграла со нив во орото.

Девојки, ако денеска видите дека вашиот избраник носи вода, дозволете да ве испрска-тоа секако е добар знак. Ова е ден за радост и веселба, затоа нека биде тоа единствено правило кое треба да го почитувате денеска-радувајте се, смејте се и поминете го денот со оние што ги сакате. Велигден се уште трае.

Следни Објави

Мајка ѝ ја остави во дом, татко ѝ никогаш не ја прифати: Весна, жена му на Џоле, имала живот како на филм

Популарната српска пејачка Весна Џогани има филмска животна приказна. Кога нејзината мајка Сретена останала бремена, таткото не сакал да го прифати детето, па таа била принудена да го даде во Дом за деца без родители. Наскоро била посвоена од млада брачна двојка. Она што е особено интересно е тоа што […]