Мајка ѝ ја остави во дом, татко ѝ никогаш не ја прифати: Весна, жена му на Џоле, имала живот како на филм

Популарната српска пејачка Весна Џогани има филмска животна приказна.

Кога нејзината мајка Сретена останала бремена, таткото не сакал да го прифати детето, па таа била принудена да го даде во Дом за деца без родители. Наскоро била посвоена од млада брачна двојка.

Она што е особено интересно е тоа што и покрај се’, Весна имала среќно детство и останала во контакт со својата биолошка мајка.

Романсата со популарниот музичар, пејач и танчар Џоле Џогани датира од 2002 година, а славната двојка има две деца, синот Адриан и ќерката Лаура. Од првиот брак, Џоле има уште две деца, ќерките Силвија и Маринела.

Во музичкиот бизнис почнала да се пробива како тинејџерка, прво како танчарка во студиото за танц кое било под менторство на Џоле Џогани и неговата тогашна сопруга Слаѓа Делибашиќ. Кога Џогани се развеле и одлучиле да продолжат самостојно, Весна останала во групата на Џоле. Сосема случајно, во 2001 година била назначена за главен женски вокал во бендот, а останатото веќе ви е познато.

Медиумите во повеќе наврати пишуваа дека Џоле се забавувал со Весна уште додека бил во брак со Слаѓа, но тие ги демантираа ваквите натписи.

Следни Објави

Со стар рецепт се излекува од рак: Маж од Бугарија открива како си го спасил животот

Еден средовечен маж од Бугарија пред неколку години одлучи да ја сподели својата емотивна животна приказна која охрабри многумина кои се борат со рак, истовремено потсетувајќи ги дека надежта последна умира. Во 2002 година му откриле тумор во мозокот – бениген. Веднаш бил хоспитализиран на софиската клиника за операција. Туморот […]